Софтвер за фактури за македонски фирми

Polaris е веб-софтвер за издавање и евиденција на фактури. Фактурите, влезните фактури, уплатите и ДДВ-то се на едно место, на македонски јазик, подготвени за еФактура на УЈП.

Отвори демо Софтвер за фактури Polaris: преглед на излезни фактури

Што е софтвер за фактури и зошто ви треба

Софтверот за фактури ја заменува фактурата во Word или Excel со програма што сама ги пресметува износите и ДДВ-то, ја нумерира секоја фактура и ја чува во евиденција. Наместо да барате во папки и табели, секоја фактура ја наоѓате за неколку секунди.

Polaris работи во прелистувач, па не инсталирате ништо и пристапувате во секое време од секое место со интернет. Го користат компании кои фактурите досега ги правеле рачно, а сакаат подобра контрола врз побарувањата и ДДВ-то.

Што можете да правите со Polaris

  • Издавате фактури, профактури, авансни фактури и фактури по член 32.
  • Евидентирате влезни фактури и плаќања.
  • Внесувате банкарски изводи и ги распоредувате уплатите на фактурите.
  • Гледате кој ви должи, кому му должите и колку ДДВ треба да платите.
  • Праќате фактури по е-пошта, како PDF со дигитален потпис.
  • Испраќате и преземате еФактури преку УЈП.
  • Подготвувате фактури за редовни услуги автоматски, секој месец или година.

За кого е наменет

Polaris е наменет за мали и средни компании, сметководствени бироа, шпедиции, консултантски и маркетинг агенции, адвокатски канцеларии, нотари и туристички агенции. Не е наменет за магацинско работење.

Клиентите го користат решението уште од 2004 година, а денешната веб-верзија (PolarisWebX) е нашата најнова верзија.

Како да почнете

Демото е секогаш достапно: отворете го, внесете го ПИН-от и пробајте како изгледа Polaris, без инсталација и без обврска. Ако имате прашање, напишете ни преку формата за контакт.

Често поставувани прашања

Дали Polaris е софтвер за фактури на македонски?

Да. Целиот интерфејс и фактурите се на македонски јазик, прилагодени на домашните прописи и на ДДВ.

Мора ли да инсталирам програма?

Не. Polaris е веб-апликација и се користи од прелистувач, од секој компјутер со интернет.

Може ли да го пробам пред да купам?

Да. Демо верзијата е секогаш достапна, без инсталација и без обврска.

Колку чини софтверот за фактури?

Цените се годишни и се без ДДВ, според пакетот. Погледнете ги пакетите и споредбата на почетната страница.

Пакети

Пакети и цени

Основен

150 € / година

≈ 12,50 € месечно · ≈ 9.200 МКД

  • Стандардни фактури
  • Влезни фактури
  • Финансиски извештаи
  • Рачно означување на платени
  • еФактура на УЈП со токен
Отвори демо

Бизнис

390 € / година

≈ 32,50 € месечно · ≈ 24.000 МКД

  • Сè од Стандард
  • Картици: побарувања и долгувања
  • Авансни фактури и фактури по член 32
  • Сопствени типови документи
  • еФактура со PFX потпис
  • Дигитално потпишани PDF фактури
Отвори демо

Корпоративен

690 € / година

≈ 57,50 € месечно · ≈ 42.400 МКД

  • Сè од Бизнис
  • AI советник
  • Автоматски фактури
  • Еднократни услуги
  • Договорни услуги
  • По барање, со доплата
  • Хостинг услуги
  • Домен услуги
Отвори демо

Цените се годишни и се без ДДВ. Прво барате демо, без инсталација.

Споредба на пакетите

Основен150 € Стандард300 € Бизнис390 € Корпоративен690 €
Фактури и профактури ✓ ✓ ✓
Влезни фактури ✓ ✓ ✓
Финансиски извештаи ✓ ✓ ✓
еФактура на УЈП ✓ ✓ ✓
Рачно означување на платени ✓ ✓ ✓
Испраќање по е-пошта и шаблони — ✓ ✓
Авансни фактури — ✓ ✓
Банкарски изводи — ✓ ✓
Картици: побарувања и долгувања — ✓ ✓
Фактури по член 32 — ✓ ✓
Сопствени типови документи — ✓ ✓
еФактура со PFX потпис — ✓ ✓
Дигитално потпишани PDF фактури — ✓ ✓
AI советник — — ✓
Автоматски фактури
Еднократни услуги — — ✓
Договорни услуги — — ✓
Хостинг услуги — — по барање, со доплата
Домен услуги — — по барање, со доплата