Зошто Excel и Word не се доволни
- Excel не ви кажува кој ви должи пари и од кога. Polaris има картица за секој партнер со фактури и уплати по датум, со салдо.
- Excel не ја пресметува ДДВ пресметката сам. Polaris ја собира од вашите фактури.
- Excel не покажува која група артикли носи најмногу пари. Polaris има извештај по групи.
- Excel не испраќа еФактура до УЈП. Polaris ја испраќа директно од фактурата.
- Во споделена табела не се знае кој што сменил. Во Polaris секој вработен има свој профил.
Фактура за една минута
Прво еднаш ги внесувате клиентите, услугите и цените. Потоа за секоја фактура изберете клиент, додадете ставки и кликнете „Зачувај“. Датумот, рокот, валутата и цените се пополнуваат сами.
Автоматски фактури за редовни услуги
Ако на клиентите им наплаќате исто, редовно, на пример месечно одржување или годишен хостинг, не мора секој пат одново да пишувате фактура. Еднаш ја внесувате услугата со период, а Polaris ви ги подготвува фактурите кога ќе дојде време. Пред да ги креира, ви покажува преглед.
Прилагодена на вашата фирма
Можете да го смените фонтот и боите на фактурата, логото, заглавието и подножјето, печатот „ПЛАТЕНО“, форматот на износите, нумерацијата и шаблоните за е-пошта и потсетници.
Често поставувани прашања
Можам ли да ги префрлам фактурите од Excel?
Да. Клиентите, услугите и цените ги внесувате еднаш, а потоа сите нови фактури ги правите во Polaris. Контактирајте нè за помош околу преминот.
Може ли повеќе вработени да фактурираат?
Да. Секој вработен има свој профил и се знае кој што направил.
Дали фактурите се чуваат безбедно?
Податоците се чуваат на серверот и се достапни во секое време, а не во датотеки на еден компјутер.
Колку трае додека да научам да работам?
Водичот ве води низ три чекори за секоја фактура. Најдобро е да го отворите демото и да пробате.