Авансни фактури
Кога клиентот плаќа однапред, издавате авансна фактура. Во Polaris една или повеќе авансни фактури се поврзуваат со крајната фактура, а PDF-от сам го печати износот за доплата. Така нема рачно одземање и грешки во износите.
Профактури
Профактурата му покажува на клиентот колку ќе чини услугата пред да се изврши. Polaris ја прави профактурата исто како фактура, а со еден клик може да ги потсетите клиентите за плаќање на фактурите и профактурите.
Фактури по член 32
Кога даночната обврска се пренесува на купувачот, фактурата се издава според член 32. Во Polaris тоа е едно штиклирање, а фактурата е подготвена според законот. За конкретни правни прашања консултирајте се со вашиот книговодител.
Достапно во вистинскиот пакет
Авансните фактури и фактурите по член 32 се дел од пакетите Бизнис и Корпоративен. Профактурите и вообичаените фактури се вклучени во сите пакети. Целосната споредба ја гледате на почетната страница.
Често поставувани прашања
Што е авансна фактура?
Фактура издадена за плаќање однапред, пред да се изврши испораката или услугата. Подоцна се поврзува со крајната фактура.
Како се пресметува доплатата?
Кога авансните се поврзани со крајната фактура, PDF-от сам го печати износот за доплата.
Што е фактура по член 32?
Фактура кај која даночната обврска се пренесува на купувачот. Во Polaris се означува со едно штиклирање.
Кој пакет ги вклучува авансните фактури?
Пакетите Бизнис и Корпоративен.