Може ли Excel да ви каже кој ви должи пари и од кога?
Polaris има картица за секој партнер: фактури и уплати по датум, со салдо.
Како се користи
Polaris не е само алатка за фактури што мора да ги издавате заради УЈП. Тоа е преглед на вашите пари: кој ви должи, колку ДДВ плаќате и што носи најмногу приход. Еве како се користи, чекор по чекор.
Отвори демоЗадржете го глувчето над прашањето (на телефон, допрете го).
Може ли Excel да ви каже кој ви должи пари и од кога?
Polaris има картица за секој партнер: фактури и уплати по датум, со салдо.
Може ли Excel сам да ја пресмета ДДВ пресметката?
Во Polaris ДДВ пресметката се собира од вашите фактури, без препишување.
Ќе ви покаже ли Excel која група артикли носи најмногу пари?
Извештајот по групи покажува количина и износ за секоја група.
Може ли Excel да испрати еФактура до УЈП?
Во Polaris еФактурата се испраќа директно од фактурата.
Ќе ја направи ли Excel следната фактура сам, секој месец?
Polaris може сам да подготвува фактури за редовни услуги.
Може ли цел тим да работи во истата табела, а да се знае кој што сменил?
Секој вработен во Polaris има свој профил, па се гледа кој што направил.
Чекор 1
На почеток внесувате неколку шифрарници. Тоа трае кратко, а потоа секоја фактура се прави со неколку клика, бидејќи Polaris веќе ги знае вашите клиенти, услуги и цени.
Чекор 2
Кликнете „Нова фактура“ и водичот ве води низ три чекора. Не мора да паметите ништо, секое копче кажува што следува.
Изберете клиент (пишувате дел од името), а датумот, рокот и валутата се пополнуваат сами. Ако клиентот не постои, го додавате на место со „+ Нов клиент“.
Нова фактура → Чекор 1Штиклирајте ги услугите што му ги фактурирате на овој клиент најчесто. Ако не ви треба, чекорот се прескокнува.
Чекор 2, по желбаБарате услуга по шифра или назив, внесувате количина и кликате „Додај ставка“. Цената со и без ДДВ се пресметуваат една од друга, а вкупното се освежува пред вашите очи. Потоа „Зачувај“.
Чекор 3 → ЗачувајФактурата ја печатите како PDF (по желба дигитално потпишан), ја праќате на клиентот по е-пошта и, ако е вклучено, ја испраќате до УЈП како еФактура.
Отворена фактураКога ќе пристигне уплата, ја евидентирате и фактурата станува платена, делумно платена или преплатена. Така секогаш знаете што е ненаплатено.
Фактури → УплатиЧекор 3
Секоја фактура што ќе ја издадете, секоја влезна фактура и секоја уплата се собираат во извештаи. Така гледате каде е бизнисот сега и накај каде оди.
Само во Polaris
Ако на клиентите им наплаќате исто, редовно, не мора секој пат одново да пишувате фактура. Еднаш ја внесувате услугата со период, а Polaris ви ги подготвува фактурите (или профактурите) кога ќе дојде време. Пред да креира, ви покажува преглед.
За клиентот изберете услуга и период (на пример месец или година), цена и датум на следно издавање.
Polaris ги листа сите услуги што се за наплата и покажува што ќе се креира, пред да се зачува било што.
Фактурите се создаваат за еден клиент или за сите одеднаш, а датумот на следното издавање сам се поместува.
Polaris има многу параметри што се прилагодуваат на потребите на клиентот. Еве неколку од нив:
Побарајте демо и ние ќе ви покажеме како ќе изгледа вашата фирма во Polaris.
Отвори демо