Еден од важните податоци се побарувањата и долгувањата. Без нашето решение, за да ги добиете овие податоци потребно е да се јавите во вашето книговодство и да побарате информација. Ако вашето книговодство ги нема прокнижено сите документи тогаш податокот ќе ви биде непрецизен. Истото важи и ако побарате картица за некој клиент.
Со нашето решение во секое време овие податоци ви се достапни. Имате можност да ја испечатите картицата во PDF и да ја испратите на клиентот заради проверка. Покрај ова, вашето книговодство честопати и греши во книжењето па така еден клиент може да го заведе два пати, на пример :
ГЛОБАЛ НЕТ и ГЛОБАЛ-НЕТ, па фактурата ќе ја заведе на едната фирма, а плаќањето на другата фирма.
Со нашето решение и вашето книговодство може да ги проверува податоците.