Внесувањето на банкарските изводи се опционални односно може да ги внесувате, но и не мора. Да појасниме :
Доколку сакате да бидете сигурни дека податоците се точни, тогаш ке биде добро да ги внесувате податоците од изводите целосно. Во тој случај проверката се прави со секој извод и проверка на почетната и крајната состојба на секој извод со податоците од решението.
Со внесувањето на податоците се затвараат и фактурите, а со тоа добивате и целосна слика на ненаплатени фактури и неплатени фактури кон вашите добавувачи.
Сепак, доколку тоа е пообемена работа за вашата компанија, тогаш можете поединечно на секоја фактура да внесувате податоци за плаќањето.