Софтверскиот пакет е наменет пред сѐ за компании кои своите фактури до сега ги правеле во еден од програмските пакети како Excel или Word. Програмскиот пакет не е наменет за магацинско работење, не води никаква залиха. Првенствено служи за компании кои имаат услуги, како на пример : шпедиции, адвокатски канцеларии, нотари, извршители, печатници, туристички агенции, агенции за недвижности, маркетинг агенции…..
Овој наш производ ќе во овозможи лесно да изработите фактура, да имате целосен увид во состојбата на вашите должници и долгувања.
Ви се нуди преглед на најдоходовните услуги на едноставен начин. Пресметките на обврските за ДДВ кои ги должите или ги побарувате се изведуваатт на брз, ефикасен и автоматизиран начин. Лесно ќе можете да се снајдете во вашиот телефонски именик, кој за разлика од другите чува податоци и за вработени со кои контактирате во компаниите.
Прегледот на вашите сметки во банка, без разлика колку се тие на број, ќе ви биде достапен во секој момент, секако, доколку вашите вработени редовно ги ажурираат податоците од банкарските изводи. Голема предност на овој програм е што нуди чување на сите фактури на едно место и истите можат без напор да се пребаруваат и да се најдат. Нашиот софтвер работи на Cloud база на податоци, а со тоа е достапна во било кое време и од било кое место каде што има интернет. Нашето решение постојано со дополнува со нови функционалности кои се добиваат преку системско ажурирање на апликацијата.
Business advices given over 30 years
Businesses guided over thirty years
Business Excellence awards achieved